Малолетник уби лихвар, не можел повеќе да го трпи малтретирањето

Белградската полиција вчера го уапси Богољуб С. (16) под сомнение дека во саботата наутро во Церска улица во центарот на Белград со пиштол го убил мафијашот Никола Бабиќ (26).
Малолетникот во придружба на родител бил приведен во полициската станица, каде што го признал ужасното злосторство. Тој рекол дека Бабиќ постојано го малтретиран поради лихварски долгови и повеќе не можел да ја трпи психичката тортура. Околу 2:15 часот утрото, тој го чекал Бабиќ пред зградата каде што живеел со неговата девојка и му пришол одзади и испукал еден куршум во главата.
Кај него, за време на претресот, бил пронајден пиштол од мал калибар, со кој е сторено кривичното дело, како и помали количини на “СПИД”, марихуана и вага за прецизно мерење.
– Наводно, Богољуб му должел пари на Никола, а тој не можел да ги врати. Затоа овој го тепал и го понижувал. Малолетно лице не можел да го издржи притисокот и одлучил да го убие Бабиќ, објаснува изворот за српки Информер.
И убиецот и жртвата се поврзани со продажба на дрога, но првите резултати од истрагата велат дека тие не соработуваат во овој “бизнис”.
– Бидејќи и двајцата имале криминално досие за дрога, во прво време мислевме дека , исто така, мотивот се долг или пари. Но, се чини дека постои и нешто друго, што точно ќе утврди истрагата, додава извор.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
