Македонија
7. December 2019 - 17:36

Малолетник нападнат со нож во скопски Бутел - се трага по сторителите

14 годишник синоќа бил прободен и повреден од група врсници во скопски Бутел. Малолетникот заедно со својот другар биле нападнати од друга група малолетници при што бил прободен во делот на слабината, а на неговиот пријател му била искинат јакната, потврди МВР. 

Веднаш по настанот, случајот бил пријавен полиција, а на повредниот малолетник му била укажана лекарска помош по што е пуштен на домашно лекување. Сторителите се познати за полицијата, но случајот се уште се расчистува.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинија дека настанок е уште еден доказ дека градот е небезбеден. Побараа одговорност од министероот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорност побараа и од градоначалникот на Бутел велимир Смилевски.