Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа

На 07.07.2025 во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години, соопшти МВР.
Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од малолетничката пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Пријавителката во два наврати му дала вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените. Р.Р. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од КЗ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
