Малите партии бараат дополнителни инфорации за „францускиот предлог“
Премиерот Ковачевски до доцна во ноќта имал консултации и со малите политички партии но од нив не успеал да обезбеди поддршка за францускиот предлог. Како што дознава Прес24 од извори кои вчера присуствувале на разговорите кои Ковачевски ги имал со раководствата на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз, Премиерот барал неговите мали коалициони партнери да дадат поддршка за предлогот, но тие констатирале дека во овој момент немаат доволно информации околу тоа што предвидува француското решение. Од Ковачевски побарале официјален превод на предлогот на македонски јазик пред да донесат конечна одлука. Истовремено, од премиерот побарале да го видат и билатералниот протокол пред да излезат со конечен став. Состанокот завршил по полноќ без никаков договор, односно со договор, дополнително да се договорат откако ќе ја видат целата документација.
Извори од малите политички партии велат дека не се подготвени да дадат бланко поддршка, особено ако се има предвид дека големо мнозинство од граѓаните но и од партиското членство на самите партии е против овој предлог, а тоа, како што вели нашиот извор катастрофално ќе се одрази на рејтинзите и резултатите на наредните избори. Велат, во овој момент не треба да се реагира брзоплето и веднаш да се прифати предлогот, бидејќи времето не треба да биде фактор во оваа ситуација.
Малите политички партии веќе ја одбија првата верзија од францускиот предлог заканувајќи се дека ако власта ја прифати тие, ќе ја напуштат коалицијата.
Ново на Сител
-
За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Италија без Скалвини на ЕВРО2024
-
Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола
-
Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага
-
СП: Декларација на ДУИ е дефокусирање на граѓаните и градење лажна надеж кај нивното членство
-
Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори
-
Сеул го суспендира воениот договор со Пјонгјанг поради провокациите со балони
-
Анкета во Грција: Нова демократија ќе биде убедлив победник на евроизборите в недела