Мал авион слета на автопат
Мал туристички авион, во кој се наоѓале пилотот и двајца патници, поради технички проблеми, слета на автопат во близина на француското место Брињолм, без притоа да предизвика несреќа и жртви.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, патниците кои околу 9 часот и 30 минути се движеле на овој автопат во насока кон Италија, биле изненадени кога видче мал син елисен авион како атерира на сообраќајницата.
Тој слетал на место каде лентата за запирање е доволно широка и успел да се паркира настрана, иако едно од крилата на авионот досегнувало до десната коловозна лента.
Пожарникарите, кои беа известени дека авион што имал технички проблеми се спуштил на автопатот, за брзо време го отсраниле леталото, благодарејќи на еден хеликоптерот за гаснење пожари, кој летал во близина.
Авионот е пренесен на посигурно место, за да се избегне евентуална несреќа.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости