Свет
16. October 2017 - 10:05

Макрон: Видливи ефекти од реформите за две години

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека очекува реформата на пазарот на труд, која тој ја покрена, да има видливо влијание на намалувањето на невработеноста во следните две години.

- Невработеноста во моментов се намалува. Ќе го видите целосниот ефект од реформите кои сега ги споредува Владата за година до година и половина, изјави Макрон во првото телевизиско интервју откога стана претседател во мај.

За време на претседателската кампања, Макрон вети дека невработеноста во Франција ќе се намали на седум отсто. Во моментов, во Франција, невработеноста изнесува 9,5 проценти.