Макрон: Украина ќе нема мир, ако крајната цел е да се уништи Русија
Украина никогаш не би имала мир, доколку крајната цел на конфликтот во земјата е да се „уништи Русија“, тврди францускиот претседател Емануел Макрон, јави Си-ен-ен.
Макрон слушнал поединци како велат дека „целта на оваа војна е да се уништи Русија“.
– И таму јас велам дека сте грешка. Доколку го сторите тоа, никогаш нема да постигнете договорен мир, истакна францускиот претседател.
Според него, ниту целта на Зеленски не е да се уништи Русија.
– Претседателот Зеленски ја брани својата земја. Ние сакаме да му помогнеме во тоа, нагласи Макрон.
Тој додаде дека „коментатори или одредени лидери не треба д а притискаат подалеку од тоа што го намислиле Украинците“.
– Тоа беше улогата на Франција, да се стави граница на ова прашање, подвлече Макрон.
Како што смета Макрон, „ние понекогаш ја добиваме војната, но, го губиме мирот“.
Тој ја потврди француската поддршка за Украина и се спротивстави на тврдењата дека неговите претходни коментари за несакање да се „понижи Русија“, ги нарушиле односите со украинскиот претседател.
– Ние правиме сè за Украина да ја добие оваа војна, заклучи францускиот претседател.
Во интервју за француската телевизија БФМ, Макрон даде коментар и за патот до членство на Украина во Европската Унија. Според неговите зборови, „патот ќе биде долг“.
Ново на Сител
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата
-
Ахмети им даде по 3 места на Таравари и Села