Свет
4. јуни 2022 - 8:40

Макрон: Путин направи историска грешка

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека неговиот руски колега Владимир Путин направил „историска и суштинска грешка“ кога ја нападна Украина и дека сега е „изолиран“.

„Мислам и му кажав дека направи историска и фундаментална грешка за својот народ, за себе и за историјата“, рече Макрон во интервју за француските регионални медиуми.

Францускиот претседател додаде дека не ја исклучува можноста наскоро да отпатува за Киев, пренесува Ле Фигаро.