Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори

Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се обрати до нацијата по објавувањето на првите резултати од вториот круг парламентарни избори, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на Елисејската палата.
Забележано е дека говорот на претседателот не е планиран. Во моментов Макрон ги проучува резултатите од парламентарните избори како што се објавени по области, се вели во написот на весникот.
Макрон претходно изјави дека прелиминарните резултати од парламентарните избори во Франција не покажуваат „кој ќе владее“.
Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, која води на парламентарните избори во Франција, доцна синоќа изјави дека коалицијата ќе инсистира на признавање на независна Палестина.
Во говорот пред поддржувачите, Меланшон посочи дека постои можност потешко да се спроведе надворешнополитичката програма на неговата коалиција, за која ќе разговараат новиот премиер и претседателот Емануел Макрон.
-Тие ќе мора да се помират со фактот дека ја признаваат Палестина што е можно поскоро, рече тој додека толпата извикуваше „Слобода на Палестина“, пренесува Политико.
Судири со органите на редот и вандалски акти биле пријавени во Париз, Лион, Нант и Рен во текот на ноќта по вториот круг од парламентарните избори, објави Журнал ду диманш.
Во француската престолнина биле подметнати пожари, а полицајци биле мета на пиротехнички средства на Плоштадот на Републиката, објави „Фигаро“.
Полицијата се судри со група маскирани лица со качулки „кои очајнички се обидуваа да ги испровоцираат органите на редот“, додава весникот.
Претходно во таа област имаше митинг на приврзаниците на левичарскиот „Новиот народен фронт“, кој победи на парламентарните избори во Франција.
Во Нант, демонстрантите фрлаа шишиња и бомби кон полицијата, која одговори со солзавец. Повреден е еден полицаец. Префектурата Рен објави 31 апсење за акти на вандализам.
Ново на Сител
-

Позитивната листа на лекови ќе биде проширена и во 2026 година, фокусот на лековите за кардиоваскуларни заболувања
-

Германските фудбалски клубови казнети со 12 милиони евра
-

Јаневска: Најмалку 60 проценти покачување на платите за наставниците во четири години, доколку дозволи буџетот ќе има и повеќе
-

Сопственик на сервис лоциран до „Пулс“ сведочеше за реновирањето и пожарот во дискотеката
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
