Макрон: Мојата цел е да ги избркам сите оние кои не треба да бидат во Франција

Претседателот на Франција, Емануел Макрон во интервјуто за конзервативниот неделник „Валерс Актуел“ објавено денеска, ја објаснува неговата миграциска.
По дебатата за имиграцијата организирана во Парламентот на почетокот на месецот, во долгото интервју на дванаесет страници за неделникот, Макрон ги наведува мерките што планира да ги преземе за справување со мигрантите.
– Мојата цел е да ги избркам сите оние кои не треба да бидат тука, изјави Макрон на почетокот од интервјуто.
Тој додаде дека сака да ја засили својата политика на протерување, но не прецизира колку луѓе ќе бидат протерани од Франција, но предупреди од опасноста земјите од каде потекнуваат мигрантите да одбијат да издадат конзуларна виза, која е потребна за враќање на протераните.
Макрон во интервјуто најави дека брзо сака да го реши прашањето за државната медицинска помош. Тоа се однесува за лицата кои во Франција доаѓаат со туристичка виза, остануваат три месеци и ја користат државна медицинска помош.
Но, шефот на француската држава сака да ја промени универзалната здравствена заштита, на која има право секој барател на азил. Макрон предлага да има „период на чекање“ пред лицата да можат да добијат медицинска заштита.
Макрон посочи и дека сака да стави крај на злоупотребите на азилот.
Предложените мерки од Макрон треба да бидат официјализирани од премиерот Едуард Филип.
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
