Макрон бара остар одговор против демонстрантите од групата Црн блок
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „исклучително остар“ одговор против демонстрантите од Црниот блок (припадници на анархистички движења) и оние чии цели се „само уништување и насилство“,јави дописникот на МИА.
На утрешните првомајски демонстрации во Париз, организирани од синдикатите и Жолтите елеци, се очекуваат околу 2.000 припадници на Црниот блок.
На министерскиот совет, шефот на француската држава, многу јасно назначи дека треба да им се дозволиме на сите да демонстрираат на оваа симболична прослава.
– Но, со цел да го заштитиме ова право да се демонстрира, ние исто така мораме да бидеме исклучително остри против сите оние чии единствени цели се уништување, насилство, агресија, па дури и агресија кон полицијата, изјави портпаролката на францусклата Влада, Сибет Ндије.
Таа додаде дека Макрон сака „одговорот против Црниот блок да биде исклучително цврст“.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер