Спорт плус
7. November 2016 - 15:06

Макпетрол со седум медали на Државното карате првенство

 
 Викендов во Скопје се одржа Државното карате првенство,  за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), во дисциплините кати и борби. Каратистите на Макпетрол и на ова првенство имаа одличен настап и успеаја да освојат вкупно седум медали, од кои три златни две сребрени и две бронзени.
 
Со златен медал се закитија: Петар Заборски у 21 категорија( -75 кг), Моника Пендаровска у 21 (-53 кг) и Ангела Мојсовска у21, (-68 кг). Медали уште освоија: Кристијан Беллокоски у21, (-84 кг), Даут Рамадани јуниор( -63 кг), Абдурахим Идриз кадет -52 кг и Теа Крстевска кадетка (-47 кг).
 
Тренерот Бошко Заборски задоволен од постигнатите резултати на неговите избраници.
 
- Задоволни сме од постигнатото и генерално го остваривме нашиот план и проценка пред почетокот на натпреварот. За нас е најважно тоа што првите места ги освоија каратисти кои се квалитетни и можеме од нив да очекуваме и добри пласмани и медал најнапред на Балканското првенство (Сараево) а потоа и на европското првенство во Софија, изјави Заборски.
 
Државното првенство носи најмногу бодови,  кои се од пресудно значење за влез во националниот тим, овој натпревар е највисоко бодуван од страна на КФМ, и затоа имаше голема важност за избор на Македонската национална млада репрезентација  која ќе треба да ја претставува нашата држава, на европското првенство во месец февруари во Софија, Бугарија