Македонско - украински бизнис форум
Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско - украински бизнис форум на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис делегација од Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина.
Целта на форумот е подобрување на економската соработка меѓу двете земји, остварување директни контакти со компаниите од Украина во насока на креирање можности за воспоставување конкретни деловни односи, како и зголемување на продажбата на домашните производи и услуги.
Присутни ќе бидат претставници на украински компании од автомобилскиот сектор, производството на сточна храна и соја, медицината, градежништвото, енергетиката, производството на јаглен,..., официјални претставници на ССК, како и претставници на македонскиот бизнис сектор.
Според агендата на форумот, обраќања треба да имаат заменик-претседателот на ССК Драган Митковски и претседателот на Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина Чижиков Генадиј Дмитриевич, a ќе биде потпишан и меморандум за соработка.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара