Македонско-српски бизнис форум: Меѓусебно поврзување и заеднички настап на трети пазари

Владите да им овозможат соработка на бизнисите зашто само така може да се придонесе за економска интеграција на Западен Балкан, а Европа тоа од нас го очекува, порачаа учесниците на денешниот Македонско-српски бизнис форум што го организира Стопанската комора на Македонија.
На Форумот се присутни по најмалку 50 компании од двете страни, од секторот земјоделство, прехранбена индустрија, машини, опрема, лекови,...
- Продлабочување на одличната соработка и реализирање билатерални средби, е целта на форумот, но ќе се разговара и за меѓусебното поврзување во насока на заеднички настап на трети пазари, рече извршната директорка на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева.
Србија е трет трговски партнер на Македонија, а економската соработка, како што нагласи Георгиева, во континуитет, најмалку пет години, се зголемува. Во 2016 година размената достигнала 700 милиони долари од кои 200 милиони извоз, а 500 увоз.
- Податоците покажуват раст на размената за околу пет проценти, истакна Георгиева.
И директорката на Центарот за регионална соработка при Стопанската комора на Србија Даница Миловановиќ рече дека соработката меѓу двете земји се зголемува, а расте и интересот за здружување и заеднички настап на трети пазари.
- На Форумот очекувавме помалку компании, но интересот е многу голем што е потврда за компатибилноста на двете економии, рече Миловановиќ.
Заедничка е констатацијата дека бизнисот оди секогаш пред политиката, но неопходна е соработка за квалитетно придвижување.
На Форумот ќе биде формиран и Македонско-српски деловен совет.
Ново на Сител
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
