-->
-->
Македонско-бугарски ликовен проект „Како Јас, а како Ти?" во КИЦ на РМ во Софија
-->
Македонските ликовни уметници Гордана Хаџи Николова Малашев и Кристина Битракова и бугарската сликарка Галина Николова синоќа пред преполна галерија во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, ја претставија својата заедничка ликовна концепција „Како Јас, а како Ти?".
Преку 50 дела работени во различни ликовни техники и во различни периоди од нивните ликовни опуси, предизвикаа голем интерес кај публиката во Софија, но и од многу други градови од Бугарија.
Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров, а проектот беше подджан од македонското Министерство за култура.
Изложбата е петта заедничка македонско-бугарска ликовна концепција, која во изминатите неколку години беше иницирана и реализирана од нашиот Центар во Софија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз