Македонските власти немаат информации за протерани Чеси, јавуваат во Чешка
Македонските власти немаат информации дека од земјата биле протерани двајца чешки граѓани, информираше портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи Михаела Лагронова, јави дописникот на МИА од Прага.
Веста за наводно протерување на двајца Чеси ја пренесе македонски портал повикувајќи се на полициски извори, а ја пренесоа медиумите во Чешка објавувајќи и имиња со иницијали на момчињата.
Младите Чеси наводно учествувале во опозициските протести и оштетиле неколку споменици во Скопје.
- Македонското Министерство за внатрешни работи не информираше дека во последните недели нема никакви вести за протерување на чешки граѓани, изјави Лагронова.
Таа додаде дека македонската гранична полиција истакнала дека двајца Чеси ја напуштиле Македонија без никакви проблеми уште на 22 април.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште