-->
-->
Македонските ракометни кадети минимално поразени од Швајцарија
-->
Македонската машка ракометна кадетска репрезентација загуби попладнево во Скопје од Швајцарија со 27-26 (15-10) во рамки на вториот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.
По стартната победа вчера против Словачка, избраниците на селекторот Наум Танески пред утрешното завршно коло се на делба на второто место со два бода. Лидер е Швајцарија со максимални четири бодови, додека Словачка претходно денеска го совлада Косово со 33-22.
Утрешниот дуел на македонските ракометари против Косово е закажан од 15 часот во салата во Автокоманда.
Пласман на ЕП во Црна Гора ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во петте квалификациски групи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
