-->
-->
Mакедонските одбојкари вечерва на „поправен„ против Естонија
-->

По вчерашниот пораз, македонските одбојкари вечерва на ќе имаат можност за поправен против репрезентацијата на Естонија, во вториот меч од Европската лига.
Во терминот од 19 часот, повторно воПарну, нашата машка одбојкарска репрезентација ќе го игра вториот меч од Европската лига.
Избраниците на селекторот Жарко Ристоски ќе мора да коригираат многу во играта доколку сакаат да го поправат впечатокот по вчерашниот убедлив пораз од Естонија со 3:0, во првото коло од А групата.
Потсетување дека ова е второ учество на Македонија во Европската одбојкарска лига, во која лани го освои третото место.
Сепак годинава задачата ќе биде потешка бидејќи конкуренцијата е далеку посилна, а покрај Естонија, противници на нашите одбојкари ќе бидат и селекциите на: Израел, Данска, Австрија и Полска, редоследно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
