-->
-->
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-->

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако вчера во Истанбул загуби од Бугарија со 80:62 во рамки на групата Д.
Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина.
Со серија од 14-1, македонскиот состав се доближи на негативата од само шест поени (54-60) во последната четвртина, но не успеа во финишот да дојде до резултатски пресврт.
Во првото коло, македонската репрезентација загуби од Грција, а шанса за прв триумф на турнирот ќе има утре против Литванија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
