Македонските кошаркари домаќини на две европски првенства во младински категории
– Раководството на ФИБА на денешното генерално Собрание во Сараево и ја додели на Македонската кошаркарска федерација организацијата на две европски младински натпреварувања во наредната календарска година, по едно во машка и во женска конкуренција.
На КСФМ и е доделена организацијата на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години, кое е предвидено да се одржи во периодот од 12. до 20. август 2022 година. Кадетите се единствена младинска категорија во која македонската репрезентација е во „А“ дивизијата, откако се пласира на тоа натпреварување во 2018 година, на шампионатот во Сараево, а следната година го одбрани своето место со освојувањето на деветтата позиција во Удине.
Македонската федерација уште во 2020 година требаше да биде домаќин на овој шампионат, кој тогаш не се одржа поради пандемијата од коронавирусот, а годинава затоа што Европската кошаркарска федерација одлучи, место турнири, да се играат незадолжителни „Челенџер“ турнири. Освен кадетското ЕП во машка, КФСМ ја доби и организацијата на Европското првенство Б-дивизија во женска конкуренција, за кошаркарки „Под 20“ години, што треба да се одржи од 9. до 17. јули 2022 година.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени