Ракомет
29. July 2015 - 20:59
Македонските јуниорки поразени од Хрватска на ЕП за ракометарки до 19 години
Младата женската репрезентација на Македонија е поразена од Хрватска, во вториот меч од разигрувањето на ЕП за ракометарки до 19 години што се одржува во Валенсија.
Во меч од првото коло на групата „И-1’’ односно разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, младите македонски ракометарки загубија од Хрватска со 30-22 (полувреме 9:16).
Уште од самиот почеток младите Хрватки ја презедоа иницијативата и од минута во минута ја зголемуваа предноста за до крајот на првото полувреме таа да изнесува +7 за „Коцкесите’’ (16:9).
И во вториот дел ништо сериозно не се смени во играта на „црвено-жолтите„ па на крајот избраничките на селекторот Симе Симевски го претрпеа и третиот пораз на шампионатот, со конечни 30-22 за Хрватска.
Со овој пораз, како и победата на Србија над Литванија 32-31, селекцијата на Македонија во оваа конкуренција заврши како четврто пласирана, па до крајот на шампионатот ќе игра за пласман од 13 до 16 место.
Табела: Србија 6 бодови, Хрватска 2, Литванија 2 и Македонија 2.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
