Македонските фудбалери гостуваат во Ирска

Македонската фудбалска репрезентација вечер гостува во Даблин каде ќе игра пријателски натпревар со Република Ирска.
Ова ќе биде дуел на двете поразени селекции од полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство 2026.
Голманот Столе Димитриевски истакнува дека одбраната мора да биде на високо ниво, а клучен фактор ќе биде и освојувањето на т.н. „втори топки“, кои често имаат големо влијание врз текот на натпреварот.
– Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, особено кога играм во дресот на Македонија. Имаме два убедливи порази во последните два натпревари, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Доколку бидеме подобри во тој сегмент, ќе имаме повеќе напади од противникот, а ривалите нема да имаат толку удари кон нашиот гол. Работиме, разговараме, анализираме и мора да се подобриме, рече Димитриевски на официјалната прес-конференција.
Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
