Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
Неврохирургот проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со тимот неврохирурзи и невролози, кои пред 6 години ја започнаа новата операцитивна процедура во нашата земја, имплантација на Вагус Нерв Стимулатор (ВНС), кај пациенти со епилепсија што не реагира на лекови, се добитници на 2-ра награда на 64-тиот Меѓународен конгрес по невронаука, кој оваа година се одржува во периодот 29 мај – јуни, традиционално во Пула, во организација на Меѓународниот институт за здравје на мозокот, Хрватското здружение на невролози и психијатри и Одделот за медицински науки при Хрватската Академија на Науки и Уметности.
На овој реномиран научен настан, поддржан од Европската асоцијација по неврологија и Светската федерација по неврологија, неврохирургот Рендевски ги претстави резултатите од нивната клиничка студија и искуство, кои во изминатите 6 години ги работат во лекувањето на пациентите со медикорезистентна епилепсија, користејќи современи статистички модели за нивна евалуација.
Во клиничкото истражување се прикажани резултатите од оперираните 21 пациент со тешка форма на епилепсија, кај кои од страна на неврохируршкиот тим од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје е импланиран системот за Вагус Нерв Стимулација. Исто така е презентирано и нивното постоперитавно 2-годишно следење и соодветно модулирање на стимулационата терапија што ја работаат тимот невролози од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје, проф. д-р Емилија Цветковска и научен соработник д-р Бојан Бошковски.
Во научното истражување проф. Рендевски со соодветна статистичка анализа ги прикажа, степенот на ефективноста во намалувањето на бројот на епилептичните напади, кај поодделни групи пациенти, во зависност од нивната форма на епилепсија, споредувајќи ги со слични истражувања што ја обработуваат оваа проблематка.
На овој реномиран медицински научен настан, оваа година беа презентарани медицински достигнувања од земјите во регионот, Италија, Австрија, Германија и Кина, а во рамки на конгресот се одржаа и пленарни предавања на од медицински работници и научници кои ги претставија своите најнови резултати, препораки и мислења до доменот на невролошките медицински дисциплини.
Покрај проф. Рендевски, тимот на неврохирурзи го сочинуваат: асс. д-р Благој Шунтов, асс. д-р Томи Камилоски, д-р Фатмир Елези, проф. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ (од Клиничкиот центар во Белград, со чија помош беше воведена оваа процедура) како и специјализантите по неврохирургија д-р Димитар Давидовиќ и д-р Мелиха Нехтепарова.
За започната нова примена на оваа медицинска процедура во нашата земја, нашиот мултидисциплинарен тим во 2019 година, исто така ја доби и наградата на Град Скопје ,,13-ти ноември“.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор
-
Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
-
ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари