Македонски средношколци освоија два бронзени медали на Меѓународната олимпијада по информатика
Двајца македонски средношколци, Андреј Величковски и Андреј Шеќеров освоија бронзени медали на годинешната Меѓународна олимпијада по информатика во Баку, во конкуренција од 327 ученици од 88 земји од светот.
Како што соопшти компанијата „Сорсикс“, една од водечките во областа на информатиката и информатичко-комуникациските технологии кај нас, со ова Величковски и Шеќеров ја продолжија традицијата на достојно претставување на нашата земја и постигнување врвни резултати на овој светски годишен натпревар од областа на програмирањето за средношколци.
Покрај нив, македонскиот тим кој престојуваше во Баку од 4 до 11 август, го сочинуваа и учениците Мартин Динев и Благојче Павлески.
Четворицата млади амбасадори на нашата земја, предводени од нивните ментори, покрај државната, добија и поддршка од бизнис секторот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт