Македонски специјалец од „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар во Хрватска
Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија освои прво место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање, кој се одржа на Сљеме во Република Хрватска на 25 февруари 2026 година.

Како што информираат од МВР, на натпреварот учествувале полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и Frontex, што придонело за силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет.

Постигнатиот успех, според МВР, претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на полицијата, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план.

Од Министерството упатија честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за освоеното прво место, изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
