Македонски фирми на саемот „Фруит логистика“ во Берлин
Македонски компании и годинава се дел од еден од најголемите светски саеми за овошје и зеленчук и за техничка логистика за производство, пакување и дистрибуција на производи од овошје и зеленчук, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 12 македонски компании за производство на овошје и производи од овошје и зеленчук се меѓу 2.884 изложувачи чии штандови на Берлинскиот саем ќе ги посетат над 70 илјади посетители и претставници на компании од овој сектор.
Учеството на саемот во Берлин за македонските компании е можност да најдат нови партнери за пласман на македонските прозиводи, како и за да ги следат новините кои значително можат да ги намалат цените на производство, пакување, складирање, дистрибуција како и да ја доближат Македонија кон европските еколошки стандарди.
Саемот трае од 8 до 10 февруари и собира компании од над 100 држави коишто ги претставуваат последните иновации, производи и услуги во меѓународниот систем за трговија со овошје и зеленчук.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
