Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на преминот Ќафасан
Македонски државјанин баран со меѓународна потерница, денеска е уапсен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга.
Според албанската полиција, станува збор за Ф.В.(39) од селото Велешта, струшко, по кого потерница имале распишано бразилските власти, поради трговија со дрога.
-Припадниците на граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на постојаната размена на информации помеѓу Интерпол Тирана, на при влез во Република Албанија, овозможија апсење за екстрадиција во Бразил на Ф.В. 39- годишен, жител на село Велешта-Струга, Македонија, стои во полициското соопштение.
Се додава дека шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро на 27 ноември 2019 година, издал налог за апсење на Ф.В. за кривично дело „трговија со наркотици“.
Процедуралните активности беа спроведени од страна на стручни лица за истрага на криминал од полицискиот комесаријат во Поградец, додека Интерпол Тирана ги следи процедурите за негова екстрадиција во Бразил, стои во соопштението.
Се посочува дека Граничната полициска станица Ќафасан во соработка со царинските органи, како и на сите други гранични премини, во рамки на заложбите за спречување и сузбивање на незаконитост од секаков вид, реализираат зголемени контроли врз основа на анализа на ризик. Тоа посебно во овој период кога фреквенцијата на патници и возила е зголемена за неколкупати.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот