Бизнис
20. November 2015 - 20:06

Македонски бизнис форум во Будимпешта

Мултинационални компании  слушнаа за мерките и реформите кои македонската влада ги презеде изминатите години,  со што   значително се  подобри бизинис климата.  Владиниот тим, предводен од премиерот Груевски ги презентираше поволностите кои Македонија им ги нуди на инвеститорите на бизнис форум во Будимпешта.

-Имаме најниски даноци во Европа, изјави Никола Груевски, премиер на Македомнија

Со дел од компаниите имало и директни средби,  некои  размислувале да преселат дел од производствените капацитети во Македонија, изјави вицепремирот Пешевски

Форумот се одржа во соработка со Американската Стоапнска Комора, чии претставници слушнале дека сме земја со најниски даноци во Европа, но не и за останатите поволности

Економските политики кои ги спроведува македонската влада  беа позитивно оценети и од унгарскиот премиер Орбан.  На заедничка средба се разговарало за унапредување на економската соработка,  како и соработката  на полето на инвестициите. Се констатирало дека простор за поголема трговска соработка, но и за повеќе инвестиции  меѓу двете земји, треба да има.