Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески
Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова.
Како што соопшти бугарското МНР, на средбата Гергова „изразила загриженост во врска со нападот“ врз Бекир Кадриески, копретседател на Здружението на Бугарите „Шемето“ во Струга.
Гергова ја истакнала и потребата „надлежните властите во Северна Македонија да преземат брза акција за ефикасна истрага и спроведување на правдата“.
- На средбата беше посочено дека Бугарија очекува конкретни резултати во однос на другите инциденти со Бугарите и нивните здруженија во Северна Македонија, се додава во соопштението на бугарското МНР.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на прес-конференција на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга побара да не се избрзува со квалификации во јавноста во врска со прашањето за мотивите околу случајот со Бекир Кадриески и да се дозволи институциите на системот да го расчистат целиот настан.
- Етничката омраза, ќе ја уништиме во зародиш исто како и нетолеранција, говорот на омраза. Но, да не брзаме со квалификации и да го исполитизираме ова, бидејќи така праќаме лоша порака, на секој инцидент утре да се повикува на етничка омраза и да се добие одредена заштита и тука мора да сме внимателни, рече Османи во одговорот на новинарско прашање.
Тој нагласи дека Северна Македонија е држава - модел за меѓуетничка толеранција и истакна дека нема се дозволи кој било да го урива тој процес.
- Во овој случај побаравме од бугарското општество и медиуми да не избрзуваат со квалификации. Првин, да видиме што точно се случило. МНР е прва точка на контакт, вчера контактирав и со МВР, со Влада. Ние не смееме да доцниме ниту еден час во расчистување на овој случај и мислам дека така постапија институциите, рече Османи.
Според него, има две верзии за настанот, едната на напаѓачот, другата на нападнатиот и тоа треба да го расчисти Обвинителството. Доколку има елементи, според Османи, ќе се реагира, бидејќи како што потенцира „тоа е прашање што нема да дозволиме да стане тренд во државата“.
Во меѓувреме Кадриески, кој е копретседател на бугарското здружение „Шемето“ за БНТ изјавил дека сака да го продолжи лекувањето во Бугарија. Според неговата изјава лекарите во струшката болница не му даваат соодветен третман. Тој ќе биде пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Бугарија.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство