Македонска музика во холандска колекција

Во просториите на ансамблот „Танец“ денеска ќе се одржи кратка презентација на Питер Ендендајк, колекционер на македонска музика од Холандија и ќе биде поставена изложба на фотографии направени од тројца Холанѓани во Охрид и Струга во текот на 1970-тите години.
Како што соопшти Холандската амбасада, Петер Ендендајк и Анемик ден Аул од Холандија ја купиле првата плоча со македонска музика пред 55 години. Оттогаш секоја година доаѓаат во Македонија, нарекувајќи ја свој втор дом. На нивната интернет-страница може да се видат детални податоци за преку 700 албуми со македонска музика и уште неколку илјади албуми со музика од Балканот. Во текот на последните триесетина години, голем дел од оваа колекција ја имаат и дигитализирано, заштитувајќи на тој начин еден непроценлив дел од македонското културно наследство.
Следејќи ги трагите на познатиот холандски новинар и писател А. ден Доолаард, тројцата Холанѓани Фред Волп, Марја и Карлус Коупман летуваат на Охридското Езеро во периодот од 1973 до 1975 година. Во текот на овој период тие ги фотографираат и снимаат музичарите на улиците во Струга, Охрид и околните села – особено за време на викендите кога се одржувале и многу свадби. Дел од овие фотографии ќе бидат изложени на настанот, на кој се најавени обраќања на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп.
Ново на Сител
-

Македонија во екстремен ризик од пожари – Надлежните предупредуваат на внимателност
-

Преглед на вестите од светот
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
