Македонска Каменица работи на ДУП-ови за селските населби и градот

Македонска Каменица работи на урбанистичко планирање на општината со која ќе бидат опфатени и селските населби. Ова денеска го истакна градоначалникот Дарко Митевски кој потенцираше дека урбанистичките планови се работат со поддршка на Источно-планскиот регион.
- По донесување на ГУП на Општина Македонска Каменица, започнавме со изработување на ДУП-ови на селските населби и градот. Подготвуваме детални урбанистички планови за селата Дулица, Цера, Саса, Моштица, а по донесување на ГУП, почнавме со разработка на планови и за централното градско подрачје, рече Митевски.
ГУП на Општина Македонска Каменица е донесен пред неколку месеци и тој е со плански опфат од 200 хектари, а до крајот на оваа година се очекува да биде донесен еден ДУП за површина од 55 хекетари. Урбанистичките планови ги работи УРБАН ДОО Штип, а вредноста на изработка на урбанистичките планови е 1, 7 милиони денари.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
