Бизнис
25. May 2016 - 10:09

Македонка во листата на 100 успешни жени-претприемачи во Европа

Генералниот менаџер и ко-основач на Grouper.mk - Нина Ангеловска се наоѓа на листата на 100 жени основачи на старт-апи од Европа (100 Female Startup Founders Europe) која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert кој известува за старт-ап сцената во Европа.
 
Осмиот број на списанието беше посветен на успешните жени-основачи со цел да се инспирираат, охрабрат и мотивираат сите жени.
 
FORBES ја сподели листата во својата вест насловена Women Of Europe: Connect And Learn From 100 Successful Female Founders укажувајќи дека само 15% од старт-апите во Европа се основани од жени.