Македонија умерено подготвена во земјоделството, оценува ЕК
Македонија е умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој. Постигнат е одреден напредок во усогласувањето со заедничката земјоделска политика, оценува Европската комисија (ЕК) во Извештајот што беше објавен вчера.
ЕК и препорачува на земјава наредната година да ги зголеми напорите за да се апсорбираат средствата од ИПАРД 2, да го подобри процесот на усогласување на Мрежата за сметководствени податоци на земјоделските стопанства, да го интензивира усогласувањето на политиката во областа на заедничката организација на пазарот и да ја разјасни улогата на Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
- ИПАРД 1 е завршена со 17 отсто искористеност од расположливите средства кои се платени во периодот 2007-2013 година. Способноста за апсорбирање на ИПАРД 2 останува предизвик заради нецелосните апликации и долгите процеси на договарање. Поради постојаното намалување и високиот обрт на вработените во Управувачкото тело и во Агенцијата, ИПАРД продолжува да создава сериозна загриженост. Постои мало подобрување во обезбедувањето советодавни услуги, стои во Извештајот.
Според Европската комисија, Процесот на усогласување на Мрежата за сметководствени податоци за земјоделските стопанства (FADN) е во тек, иако нејзиниот лош квалитет спречува нејзино ефективно користење во креирањето на политиката. Регистарот на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели (LPIS) продолжи со поддршка од ЕУ. Не е направен напредок за подобрување на квалитетот на податоците и релевантноста со Регистарот на земјоделски стопанства и LPIS.
Структурите и ресурсите во Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка останаа несоодветни за работа и одржување стабилен систем за контрола.
Во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика Македонија е на добро ниво на подготовка, фитосанитарната политика е останата во рана фаза, додека во делот на органското производство и генетски модифицираните организми законодавството е согласно acquis.
- Во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, земјата треба да ги подобри хигиената, благосостојбата на животните и стандардите за био-безбедност на земјоделските стопанства, да ја одржи способноста за контрола на болести од векторски пренесувачи, да изготви акциски план за да се приберат и третираат нус-производите од животинско потекло и да ја одреди состојбата со штетници на растенијата во земјата, наведува Европската комисија во Извештајот.
Ново на Сител
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
