Loading Video...
Фудбал
17. October 2023 - 19:48

Македонија убедливо ја совлада Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација лесно и убедливо со 3-1 ја совлада попладнево селекцијата на Ерменија во пријателскиот дуел што се одигра во Струмица. 
Избраниците на селекторот Милевски правеа притисок од самиот почеток на средбата и тоа им донесе водство преку Трајковски кој во 86-тиот настап го постигна 21-иот репрезентативен гол. 
Во вториот дел  во листата на стрелците се запиша и Милан Ристовски додека високото водство од 3-0 за Македонија го обезбеди дебитантот Ердон Даци. 
Во самиот финиш Ерменците постигнаа почесен погодок за конечни 3-1 на овој интересен натпревар на кој неколку фудбалери од втор план се наметнаа како квалитет за следните квалификациски дуели со Италија и Англија.  
фото ффм