Тенис
24. јуни 2023 - 19:28

Македонија триумфираше на Били Џин Кинг купот во Скопје

Успех на македонската дејвис куп репрезентација која го освои првото место на Били Џин Кинг купот во Скопје и следната сезона ќе игра во втората Евро-африканска зона. 
 
Нашите најдобри тенисерки ја продолжија серијата на победи на турнирот во Скопје и против Ерменија против која славеа во финалниот меч со 2-1. 
Мечот започна лошо за македонија откако Стоилковска го загуби првиот меч со Мурадјан со 2-1 во сетови но работите се сменија кога на теренот излезе Лина Ѓорческа и без загубен гем ја совлада Марина Давтјан по што победникот го реши дубл дуелот во кој Ѓорческа и Стоилковска во два сета ги надигра тенисерките од Ерменија. 
Да потсетиме нашата репрезентација забележа 6 победи на Били Џин Кинг купот и тоа против Молдавија, Финска, Исланд, Албанија, Азербејџан и Ерменија што им носи пласман во втората Евро-африканска зона.