-->
-->
Македонија триумфално во Хаифа, совладан Израел
-->

Втора победа за Македонија во квалификациите за СП 2018 и втора постигната на гостински терен. Стрелец на голот беше Горан Пандев.
Во петтиот натпревар против Израел, Македонија ја постигна првата победа.
Македонија можеше да води по првиот дел. По 15 минути јалова иницијатива на Израел, нашите фудбалери постигнаа гол преку Кире Ристевски, кој судијата Есков од Русија со задоцнување го поништи поради офсајд. Единствената шанса домашните ја имаа во 27.минута кога ударот на Бен Чаим Димитервски го одбрани.
Новото возбудување пред голот на домашниот голман Глазер беше во 33 минута кога повторно по асистенција на Алијоски, Цедек ќе постигнеше автогол. Топка го погоди дирекот.
Во 38.минута повторно на аситенција на Алијоски, Велковски од 10-тина метри биеше право во противничкиот голман.
Во 42.минута се закани и Алијоски, но биеше над голот.
Вториот дел почна со шанса за Македонија Николов биеше над гол.
Израел се закани преку капитенот Захави во 51.минута.
Македонија не го казни киксот на голманот Глазер по вториот корнер, Пандев од тешка позиција биеше со глава крај голот.
Првата замена Ангеловски ја направи во 63.минута Елмас влезе место Николов.
во 66 минута Захави пак шутира од 18 метри Димитриевски во корнер.
0-1 73 минута Пандев на асистенција на Елмас. Ова за Пандев беше 30.ти гол во репрезентативниот дрес.
Израел во акција во 80 минута Димитриевски пак брани.
Во судиското надополнување шанса имаше Алијоски, неговиот удар Глазер го исфрли во корнер.
Натпреварот на стадионот Сами Офер во Хаифа го следеа 11.000 гледачи.
Македонија следниот натпревар го игра на 5.септември (вторник) во Струмица против Албанија.
Табела. Шпанија 19 бодови, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно
-

„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
