Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
Специјален суд со седиште во Хаг да ги гони воените злосторства на Русија во Украина. Европската унија и сојузниците дадоа зелено светло за формирање на меѓународен трибунал кој ќе ги гони високите руски функционери за војната против Украина.
Иницијативата доби поддршка и од Македонија, а како што вели министерот за надворешни работи, Муцунски, тоа е направено во насока на почитување на меѓународното јавно и хуманитарно право.
Повеќе од 30 министри за надворешни работи и дипломатии од Европа и партнерските земји ја потпишаа декларацијата за формирање на воениот трибунал кој треба да ја истажува руската агресија. Идејата се очекува да добие поддршка и од Соединетите американски држави кои по доаѓањето на Трамп ја повлекоа поддршката.
Судот за воени злосторства е предвидено да брои 15 судии со мандат од девет години. Седиштето ќе биде во Хаг, каде веќе се наоѓаат неколку меѓународни правни организации.
Судот ќе го основа Советот на Европа, а според проценките, вкупните трошоци за неговата работа ќе изнесуваат една милијарда евра.
Пресудите ќе можат да бидат носени и во отсуство на обвинетите.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар