Македонија со најголем пораст на ноќевања во 2018, а Крушево помеѓу најпожелните туристички дестинации

Македонија во 2018 година остварила најголем пораст во Европа, во бројот на ноќевањата на туристи, а Крушево заедно со Скопје, Охрид и Битола се предводниците на тој раст, пишува веб-порталот https://www.travel-advisor.eu
Според овој портал, во Македонија се околу 250 категоризирани хотели и многу приватно сместување, па вкупно се проценува дека туристите на располагање имаат над 45.000 кревети. Најпосетувани се Скопје, Охрид, Битола, Крушево, планинските и винските региони. Порастот во бројот на туристичките посети од 22 насто е голем успех и Македонија ја става на самиот врв на европските дестинации кога се говори за порастот на ноќевањата, пишува порталот.
Крушевските локални власти се повеќе од задоволни што градот е во врвот на дестинациите во Македонија пожелни за туристите. Во 2018 година општина Крушево забележува пораст од 67 отсто во бројот на ноќевањата и самото тоа укажува дека интересот за Крушево како дестинација станува се попопуларна.
Општината во моментов реализира неколку проекти кои имаат цел да го унапредат Крушево како дестинација за авантуристичкиот туризам, но и да ја продолжат туристичката сезона во градот и во општината. Реконструкцијата на спортската сала е во тек, неодама градот доби мини бус за превоз на параглајдеристите кои се активности од проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“.Општината изработува промотивни брошури, веб-страница и апликација, промотивно видео и посети дел од меѓународните саеми во соседството на државата.
Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски заложбата на општината веќе дава резултат, а туризмот е во фокусот на работата.
-Нашата цел е Крушево да стане дестинација за авантуристички туризам и дестинација која е масовно посетувана во текот на цела година. Туризмот е во нашиот фокус и ќе продолжиме да работиме во таа насока затоа што Крушево веќе е препознатлива дестинација на Балканот и во Европа, вели Христоски.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
