-->
-->
Македонија ремизира со Кина во Шангај
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години одигра нерешено 1:1 против Кина на првиот дуел од турнирот во Шангај.
Домашната селекција поведе во 42. минута, а веќе во 60. минута Македонија го израмни резултатот на 1:1 со прекрасниот гол на Марио Костески.
- Задоволен сум од прикажаното, иако пропуштивме шанса за победа. Посебно во второто полувреме кога не реализиравме неколку добри прилики за втор гол. Бевме рамноправни во првото полувреме, но примивме наивен гол по грешка на нашиот голман, изјави селекторот Марио Вујовиќ.
Утре младите македонски фудбалери за противник ќе ја имаат соодветната репрезентација на Северна Кореја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности