Македонија прва во Европа според можноста за пристап до интернет во сместувачки капацитети

Македонија е убедливо прва во Европа, според можноста за пристап до интернет, како услуга на туристите и патниците во соби за сместување, што се нудат на интернет страницата „Hometogo".
Истражувањето, што го направила оваа веб страница, покажува дека во Македонија процентот на вакви сместувачки капацитети, преку интернет, изнесува 97,2 отсто.
Тоа е далеку над просекот во Европа, кој изнесува 65 отсто, но и над просекот на водечките западно европски туристички дестинации.
Освен Холандија, Луксембург и Монако, кои единствени имаат просек на поврзаност до 86 отсто, другите земји заостануваат во ова истражување.
Најголемо изненадување е позицијата на Шведска, која е последно рангирана, иако оваа земја, во 2015 година, беше втора според брзината на интернетот.
Големо изненадување претставува и сознанието дека Данска и Финска (заедно со Шведска), се на самото дно на европската листа. Во овие три земји, познати по својот општ висок општествен стандард, можноста да се има пристап до интернет, е само во четири од десет локации за изнајмување.
„Hometogo" има спроведено анкета во 44 европски земји и притоа е утврдено дека во Македонија, како и во Белорусија и Србија, кои се рангирани како втора и трета земја, можност за интернет врска има во 19 од 20 соби (локации) за издавање кои се наоѓаат на оваа интернет страница.
Според ова истражување, источноевропските земји се многу поопремени во овој поглед, од земјите на Западот, па меѓу првите 11 надобро рангирани, сите се источноевропски држави.
Истражувачите го истакнуваат како изненадување и ниското ниво, регистрирано во високо развиените Шпанија, Франција, Германија и Италија, кои се и туристички велесили. Во нив, интернет конекција може да се најде само во четири од десет капацитети што се нудат за издавање на „Hometogo".
Ново на Сител
-

Новиот директор на ФЗО Златко Перински бара начини како да се спречи злоупотребата на долгите боледувања
-

Државата бара 41 милион евра преку издавање обврзници, опозицијата обвинува - Буџетот е празен
-

Иџе го тестираше новиот прототип болид
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
