-->
-->
Македонија промашуваше слободни, Естонија погодуваше тројки
-->

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на домашен терен загуби од Естонија со 80:76 (17:29; 26:13; 20:19 и 17:15) и по вториот пораз во групата е се подалеку од пласман во следната фаза натпреварување. По двата пораза од Косово и од Естонија ривалите од групата се во подобра позиција за освојување на едно од првите две места.
Самиот натпревар Македонија го почна добро и првата четвртина ја доби со 29:17. Во тој дел од натпреварот доминираше нашиот капитен Војдан Стојановски, но во продолжението противникот најде против игра за нашиот напад и избраниците на селекторот Јорданчо Давитков се потешко постигнуваа поени. За разлика од нас Естонија почна да погодува „тројки“ во мини серии и водството на Македонија „се стопи“ веќе на полувремето и Естонија поведе со 43:42.
Во вториот дел се играше резултатски неизвесно, кога гостите во финишот „се одлепија“ на седум разлика и ја најавија победата. Една по причините за поразот се и 15-те промашени слободни фрлања, како и добрата реализиација за три поени на Естонија (13 тројки).
Најефикасни на натпреварот беа Војдан Стојановски од Македонија и Раин Веидеман од Естонија, двајцата постигнаа по 26 поени.
Во групата Ц Естонија и Косово имаат по една победа, Македонија е трета со два пораза. Во следното коло нашата репрезентација е слободна, а во Талин ќе играат Естонија и Косово, додека Македонија следниот дуел го игра на 12.август на домашен терен против Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
