-->
-->
Македонија поразена од Франција
-->

Македонската ракометна репрезентација го загуби вечерашното четвртфинале на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир. Победа од 33:17 (14:9) остварија ракометарите на Франција, кои се актуелни шампиони во оваа возрасна категорија.
За избраниците на селекторот Илија Темелковски заморот од дуелот со Алжир одигран доцна синоќа остави последици, па затоа противникот во вториот дел стигна и до убедлива победа. Филип Талески кај Македонија со 4 голови беше најефикасен, додека кај Франција по 5 голови постигнааМелвин Ричардсон и Етеин Москуе.
Македонија во сабота ќе игра натпревар за пласман од 5-8.место со поразениот од натпреварот Данска – Русија. Пласман во полуфиналето избори и Германијакоја со 27:21 го победи Тунис.
Другите два четвртфинални натпревара се играат вечерва:Шпанија – Унгарија и Данска – Русија.
На Светското првенство утре е слободен ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
