-->
-->
Македонија одигра нерешено со Црна Гора
-->
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Умаг во рамките на турнирот „ХЕП Кроација куп“ одигра нерешено 30:30 со репрезентацијата на Црна Гора. Нашата репрезентација стигна до изедначувањето со голот на Филип Лазаров во последните секунди од натпреварот, откако претходно ривалот водеше со 29:26.
Дејан Манасков и Кирил Лазаров со по пет голови беа најефикасни во македонската репрезентација, Пешевски постигна 4, а три пати мрежата на Црна Гора ја затресоа Митков, Талески, Филип Лазаров. Димитриевски и Костески постигнаа по два гола, а по еден Димитровски, Георгиевски и Ојлески. Голманот Никола Митревски имаше 10 одбрани.
Во редовите на Црна Гора Вуко Борозан беше стрелец на девет голови.
Вчера во рамките на турнирот Македонија загуби од домаќинот Хрватска со 29:21, а утре на псоледниот ден од турнирот во Умаг ќе играат Хрватска и Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања