-->
-->
Македонија носител во квалификациите за Еуробаскет 2017
-->

Македонската кошаркарска репрезентација е одредена да биде во првиот „шешир“ за квалификациите за Европското првенство во кошарка во 2017 година. Нашата репрезентација е заедно со селекциите на: Германија, Русија, Грузија, Белгија, Словенија и Полска. Тоа значи дека против овие селекции нема да може да играме.
Инаку во квалификациите ќе бидат формирани седум групи, шест со по четири селекции, а една со три селекции.
Во вториот „шешир“ се наоѓаат: Естонија, Холандија, Украина, Босна и Херцеговина, Исланд, Унгарија, Црна Гора.
Трет „шешир“: Австрија, Шведска, Белорусија, Швајцарија, Бугарија, Велика Британија и Словачка.
Во последниот по квалитет „шешир“ се наоѓаат: Португалија, Данска, Луксембург, Кипар, Албанија и Косово.
Пласман на Евробаскетот ќе изборат првопласираните од сите групи, како и најдобрите четири второпласирани селекции. Покрај домаќините на ЕП (Финска, Турција, Романија и Израел), пласман имаат обезбедено и селекциите кои ќе играат на Олимписките игри (Шпанија и Литванија), како и на Олимписките квалификации (Србија, Хрватска, Чешка, Франција, Летонија, Италија,Грција).
Извлекувањето на групите ќе се одржи во Минхен на 22.јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
