Македонија
17. September 2026 - 21:04

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во Унијата. Премиерот Мицкоски од Вашингтон со порака – Можеби еден ден некој ќе се сети и ќе зборува за пристап заснован на заслуги, па процесот на малтретирање на земјава ќе престане. И покрај преземените реформи, секогаш имало пречка која не остава во чекалната. Овој пат тоа е Бугарија, а гаранции дека ќе биде последна – никој не дава. 

- Имајќи предвид дека во минатото го променивме нашето знаме, Уставот неколку пати, уставното име и секогаш, секогаш ги слушавме истите пораки – погледнете, мора да го направите ова, ова е последно. Нема да има има дополнителна пречка пред вас. Ние слушавме и за жал се наоѓаме на истото место на кое бевме пред 26 години. Сега велиме- Погледнете, имаме предлог? А што вели нашиот предлог? Да ги завршиме промените веднаш во парламентот, но да стапат во сила кога ќе ги завршиме преговорите и кога паралменатите на сите земји членки ќе го ратифкуваат пристапниот протокол. До тогаш ние ќе работиме. Ова не е прашање на дневна политика. Ова е нешто што го тарсоира патот за иднина на мојата земја, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Во обраќање на Атланскиот совет премиерот истакна дека целта е земјава да стане транзит на гас. Покрај изградба на инфраструктура и вложувања во вештачката интелигенција и високотехнолошкиот сектор, еден од трите столба кој ќе го движи развојот се токму инвестициите во енергетиката.

Поголемо стратешко партнерство меѓу САД и земјава, отворање можности за економска и инвестициска соработка беа дел од агендата на владината делегација, која оствари повеќе средби со претставници на американски инститиуции, конгресот и економскиот сектор. Еден од нив е и состанокот со Каролин Вик, главен директор за политики за развој во американска корпорација за меѓународно финансиско развивање, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмнет на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.