Македонија ќе добие Универзитет за национална безбедност

Владата планира да отвори Универзитет за национална безбедност, најави денеска премиерот Никола Груевски. Во состав на универзитетот, како што рече, ќе влезе Воената академија, но и некои други факултети и институти. Со отворањето на новиот универзитет, нагласи, ќе придонесе за зголемување на безбедноста во земјава.
- Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа започнаа да работат повеќе студии кои продуцираат квалитетни кадри, сега се размислува да се формира универзитет за национална безбедност кој ќе биде составен од Воената академија, но ќе има и други факултети и институти, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашања по доделувањето на грантовите од Фондот за иновации.
Тој посочи дека на последната седница на Владата биле донесени повеќе заклучоци во правец на основање на универзитетот за национална безбедност, а како што додаде експертите во Министерството за одбрана и во Воената академија подолг период работат на елаборат за таа намена.
- Со дополнителните заклучоци што ги даде Владата ќе им се даде дополнителна насока и правец да го продолжат и засилат своето работење во тој правец и штом ќе бидат готови документите треба да поминат на соодветни тела согласно законот, а потоа да дојдат и пред Владата и Парламентот за да се формира универзитет за национална безбедност, потенцира Груевски.
Нагласи дека формирањето на ваков универзитет ќе значи нов квалитет во зацврстувањето на националната безбедност, одбраната и се што е поврзано со тоа во земјава.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
