Македонија и Србија да работат на отстранување на бариерите за побрз транспорт на стоки
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши во рамките на Економската конференција: „Предизвици на патот кон ЕУ“, која се одржува во Будва, остварија билатерална средба со Расим Љајиќ, заменик претседател и министер за трговија, туризам и телекомуникации во Владата на Република Србија.
Вицепремиерот Анѓушев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека намерата на Европската унија е зајакнување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и дека Владите од овој регион мора да покажат посветеност за оваа намера да стане реалност.
- Клучно за меѓусебната соработка е зајакнувањето на трговската соработка и транспортот. На никого не му одговара камиони со стока да чекаат со часови на гранични премини помеѓу две соседни земји. Треба да работиме да воспоставиме систем на поголема доверба и сертификати признаени од двете земји и меѓународните институции за побрз и беспрекорен проток на стоки, потенцира Анѓушев.
Вицепремиерот Љајиќ иницираше идеја за заеднички настап на Република Македонија и Република Србија во областа на туризмот, со креирање на заеднички туристички пакети кои би се понудиле во трети земји, со цел зголемен обем на туристи и посета на дестинации во двете земји.
Оваа иницијатива беше прифатена од страна на министерот Бектеши, кој изрази подготвеност за интензивирање на меѓусебната соработка, а воедно најави дека очекува двете земји да потпишат договор за соработка во областа на туризмот на електронските пазари.
Соговорниците се согласија дека економската соработка во соседните земји мора да продолжи да се развива и дека ќе бидат посветени во отклонувањето на бариери за поефикасен и поефективен транзит на стоки на граничните премини.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра