Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина
Бугарија и Македонија ќе соработуваат во извоз на земјоделски производи за кинескиот пазар, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков по средбата во Софија со бугарската колешка Десислава Танева.
Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е недостижен.
- Имајќи ја предвид огромната далечина подобро е да се насочиме на конзервирано земјоделско производство. Ние во Македонија произведуваме и многу убави вина. Може да се насочиме на конзервирано овошје и зеленчуци, месни производи, млечни производи со кои и вие во Бугарија располагате. Свежите земјоделски производи навостина многу тешко ќе можат да се пласираат поради големата далечина, рече Цветков.
Двајцата министри, како што пренесе бугарската телевизија Канал 3, разговарале и за размената на земјоделски производи меѓу Македонија и Бугарија.
Според Цветков, податоците за сегашната размена не одговара на можностите на двете земји.
Тој укажа на фактот дека стоковата размена во земјоделството меѓу двете земји не е голема. Македонија извезува во Бугарија земјоделски производи за 20 милиони евра, а увезува за околу 40 милиони евра. Според него, тие податоци не одговараат на можностите и треба да се работи на зголемување на заемната трговија не само меѓу двете земји, туку и за излегување на трети пазари.
Освен можностите за размена, двајцата министри се осврнале и на болеста јазлеста кожа која беше откриена во почетокот на април кај говедата во областите на Хасково и Стара Загора, а во се појави и во другите балкански земји.
- Неопходни се заеднички напори и организација за да се справиме со оваа болест бидејќи нејзините преносители немаат граници. Тоа беше и поводот да се сретнам со министерката Танева, рече Цветков.
Двајцата министри разговарале и за бугарското искуство во земјоделството по примерот на земјата во Европската унија.
- Македонија која е земја кандидат за членство во ЕУ ќе ги користи бугарските искуства и ќе ги организира своите земјоделски стопснатва така за да одговараат на европските барања, истакна Цветков.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков вчера и денеска во Софија учествува на Министерска конференција за болеста јазлеста кожа.
Конференцијата е организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата