Македонија
10. November 2017 - 8:24

Македонија и Албанија одбележуваат пет години прекугранична соработка

Во Струга денеска ќе се одржи петтата прослава на „Денот на Европската територијална соработка“, со која Македонија и Албанија, како земји кориснички на ИПА прекуграничната програма, ќе се придружат кон останатите земји на Европа кои повеќе од 20 години ги прославуваат резултатите од успешната територијална соработка.

Најавено е обраќање на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на претставник од партнерското министерство од Република Албанија, како и на Елвис Али, претставник од ДЕУ во Република Македонија.

Ќе се направи и избор за најдобро видео на тема „Пет причини зошто сакам да ја посетам мојата соседна земја“ од натпреварувачи од Македонија и Албанија, а ќе се одржи и саем на ракотворби на изложувачи од Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Охрид, Струга, Кичево,  Корча, Поградец, Либражд, Елбасан..

ИПА програмата за прекуграничната соработка меѓу Република Македонија и Албанија 2014-2020 е одобрена од страна на Европска Комисија во декември 2014 година. Во рамки на конкретната програма е склучен договор за услуги меѓу Министерство за локална самоуправа и Делегацијата на Европска Унија во Скопје со кој е предвидено користење на техничка помош за Министерството за локална самоуправа и Министерството за европски интеграции во Република Албанија.

Целиот процес на активности за имплементација на ИПА програмата за прекуграничната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија 2014-2020“ е започнат од почетокот на 2016 година.