Македонија формира коридор за заштита и помош

Врз основа на предлог и известување на групата за проценка на ризици со која претседава директорката на ЦУК Сузана Салиу, Управувачкиот комитет за менаџирање на состојбите со бегалците на вчерашната седница одлучил да се операционализираат заклучоците од Националниот совет за безбедност и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички меркин за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.
Оваа одлука подразбира да се преземат сите мерки и чекори за да се обезбеди канзализирање на протокот на бегалците што вклучува и подигнување заштитна ограда на границата, велат од Владата и потенцираат дека границата ќе остане отворена.
- Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, велат од Владата.
На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница. АРМ веќе почна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување.
- Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици, истакнуваат од Владата на Република Макаедонија.
Во управувачкиот комитет членуваат министерот за здравство Никола Тодоров, кој е и претседател, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Зоран Јолевски, Оливер Спасовски и Владо Мисајловски, заменик министерот за внатрешни Митко Чавков, како и претставници од Владата, кабинетот на премиерот, АРМ и други институции.
Ново на Сител
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
